Скопјани, внимавајте каде паркирате на горештините - пајакот прави „парче"

Седум лица се полесно повредени во пет од вкупно 10 регистрирани сообраќајки во изминатото деноноќие во Скопје. Во пет од сообраќајките е причинета само материјална штета. Со помош на  специјалното возило „пајак“ отстранети се 64 возила.

Како што информира Драган Велјановски, самостоен инспектор во Министерството за внатрешни работи, сообраќајката полиција санкционирала  15возачи  се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца поминале на црвено светло на семафорите, пет возеле без појас или зборувале на мобилен, 33 непрописно паркирале, 18 возеле неригистрирани возила. Санкционирани се и седум возачи на велосипеди со мотор мопеди и мотоцикли кои за време на возењето на пат не го носеле заштитниот шлем на глава.

Со помош на  специјалното возило отстранети се 64 возила.

Одделението за превенција  при СВР Скопје синоќа одржа сообраќајна поука на која  присуствуваат   учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.

Во рамки на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ ќе бидат реализирани едукативни работилници во градинка „Орце Николов“,  објект Карпош 4 во општина Карпош. 

 
 
24.06.2016 - 08:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега