Тешка сообраќајка во скопски Бутел - тешко повредени момче и девојка

Уште една сообраќјна несреќа ја потресе Македонија.

Вчера во 22:00 часот во Скопје на улица „Бутелска“ во населба Бутел, се случила сообраќајна незгода на помеѓу автомобил „Форд Ескорт“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 20-годипниот Б.Т.  и Моторцикл „Полар“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 20-годишниот Р. Г. од Скопје. 

Како што информираат од полицијата, во сообраќајната несреќа  со повреди се здобиле 20-годишниот Р.Г. и сопатничката на моторциклот 19-годишната Д. З. од Скопје.

Истите со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Ургентен центар Скопје, каде им е укажана лекарска помош.

На Р.Г.  му се констатирани телесни повреди и е пуштен на домашно лекување, а на Д.З.  и се констатирани  тешки телесни повреди и е задржана за понатамошно лекување.  

 
 
23.06.2016 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега