Штипјанец итно однесен на скопските клиники

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера на крстосницата од улица „Борис Кидрич“ со улулица „Партизанска“ во Штип.

МВР информира дека сообраќајката се случила меѓу автомобил марка „Фолваген Венто“ управувано од 29-годишниот А.М од Штип и моторцикл „Сузуки-600“ со штипски регистерски ознаки, управуан од 28-годипниот А.З исто од Штип. 

Во несреќата 29-годишното момче А.М се здобило со тешки телсни повреди, по што му е укажана лекарска помош во Клиничка болница Штип, но поради сериозноста на повредите момчето е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Секторот на внатрешни работи од Штип. 

 
 
23.06.2016 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега