Тешка сообраќајка кај Гостивар - моторциклист се заби во БМВ

Страотна сообраќајна несреќа се случила вчера на регионалниот пат Гостивар - с. Србиново. Несреќата се случила околу 16.50 часот при судар меѓу  автомобил  „БМВ 530“  со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот Г.Р.  од с.Балиндол, гостиварско, и   моторцикл „Томос“ без регистарки ознаки, управуван од31-годишниот  М.А.  од с.Беловиште, гостиварско.

Според информациите на МВР,  во несреќата  Г.Р. се здобил со тешки телесни повреди по што му е укажана лекарска помош во Медицински центар Гостивар, но поради сериозноста на повредите истиот е пренесен во Клинички центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Тетово

 
 
23.06.2016 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега