Средба на фондовите за осигурување на депозити од Балканот

Фондот за осигурување на депозити на Македонија е домаќин на Четвртата регионална средба на фондовите за осигурување на депозити од земјите на Балканот, членки на Европскиот форум на осигурители на депозити.

На средбата, што од вчера до утре се одржува во Охрид, се разговара за дејствувањето и улогата на фондовите за осигурување на депозити во случај на криза. Посебен осврт ќе биде даден кон јакнење на дејствувањето на фондовите и нивната улога во промовирање на финансиската стабилност, воспоставување кохерентно заедничко дејствување со другите финансиски институции, утврдување можни активности и реакција во случај на криза со преглед на законски утврдените надлежности на фондовите, како и комуникација со граѓаните и јакнење на довербата кон финансискиот систем, стабилност и сигурност на депозитите на граѓаните.

Покрај директорот на македонскиот Фонд за осигурување на депозити, Горан Анчески, на состанокот присуствуваат директорите и претставници на раководствата на фондовите за осигурување на депозити од Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска и Црна Гора. Сите овие земји се потписници на заедничкиот меморандум за разбирање со кој се воспостави платформа за застапување на меѓусебните интереси во меѓународните организации, подобрување на искуството и експертизата, како и заедничка соработка за поддршка и учество во целокупната финансиска стабилност во регионот. 

 
 
23.06.2016 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега