Пукање во скопски Сарај

Силни пукотници вчера ги вознемири жителите на скопското село Сарај.

Според информациите на полицијата, 25-годишниот Ќ.Љ од село Грчец бил нападнат со огнено оружје од страна на лицето А.Н.

Инцидентот се случил околу 19:00 часот на бензинската пумпа во селото Сарај.

Бесниот А.Н два пати пукал со огненото оружје кон Ќ.Љ., но не го погодил. Потоа С. Н. братучед на А.Н, со автомобил марка „Фолксваген Голф“ го бркал Ќ.Љ. , при што биле испукани уште три куршуми. По ова пукање Ќ.Љ. не застанал, туку се упатил кон својот дом.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
23.06.2016 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега