ВИДЕО: Работникот со палка ја одбрани продавницата од крадците
Британскиот студент Лушан Варасурија (28), кој работи во продавница за да го плати своето школување, покажа голема храброст кога се нафрли на двајца напаѓачи кои го нападнале со нож и се обиделе да ја ограбат продавницата.
Иако шефот му рекол, доколку дојде до ваква ситуација, да не им пркоси на напаѓачите, тој не го послушал и одлучил со палка да ја одбрани продавницата.
Крадците Грегори Бут (37) и неговиот брат Метју (32) влегле вооружани со ножеви и под влијание на наркотици и алкохол и барале пари.
Разбојниците се обиделе да ги бутнат полиците врз него, но не успеале и на крајот побегнале со празни раце. Полицијата ги уапсила на основ на снимките од безбедносните камери. Осудени се на четири години и четири месеци затвор, а Лушан добил пофалба за храброст.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа