ВИДЕО: Најлудиот трик со карти - ова ќе ве воодушеви
Европа можеби и не е баш луда за американскиот фудбал, но малку по малку овој спорт ги наоѓа своите љубители, дури и кај нас.
Играчот на Филаделфија Иглс Џон Доренбос веќе е докажан спортист, но дојде во емисијата на Америка има талент за да се докаже на друг план, првенствено со магија.
Ветеранот од НФЛ го воодушеви жирито со свото трик со карти, а ќе ве воодушеви и вас. Сме гледале секакви работи во емисиите од овој вид, но ова е навистина нешто посебно. Внимавајте на реакцијата на Сајмон.
22.06.2016 - 17:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа