Вчера црн ден за семејство од Тетово

Вчера во периодот од 16:00 до 17:00 часот во Тетово на улица „Благоја Тоска“, во стан сопственост на А. И. (37), непознати сторители извршиле тешка кражба.

Сторителите насилно ја отвориле блиндираната метална врата од станот, влегле внатре, извршиле пребарување, при што одзеле околу 40.000 евра, 10 часовници со поголема вредност и поголема количина на златен накит, по што го напуштиле местото.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи на Тетово. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 
 
22.06.2016 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега