Нонковиќ: Македонскиот народ не го дава својот лидер Груевски

Нека ми кажат „шарените“ колку членови имаат во нивната организација кои во 2001 година биле македонски бранители, кога исто Македонија беше нападната за да биде поделена, а колку од другава страна. Јасна е работата, повторно се игра игранка за да се разнебити Македонија и повторно имаме „илинденци“ кои сега за среќа многу мудро и мирно реагираат затоа што му веруваат на лидрот, е сега и тој за прв пат вчера после две години од кризата призна дека веќе ниту тој со сета своја умешност и моќ не успева да задржи и тоа му го препишуваат другиве дека он сега ги мотивира за да реагираат.

Ова го истакна новинарот Бобан Нонковиќ во вчерашната емисија „Јади Бурек“ со Јанко Илковски.

Тој смета дека се игра на карта да се закрви македонскиот народ.

-Они се зезнаа 2001 година зошто го обединија македонскиот народ активирајќи го албанскиот фактор и они сфатија дека не можат со странични играчи да ја рушат Македонија затоа што се обединува народот и сега многу мудро и другата страна е мудра, сега прво внатрешно да го поделат Македонецот и тогаш полесно да можат- раздели па владеј, рече Нонковиќи додаде дека левицата одлично одигра против сопствената држава и народ.

-Како и секогаш низ историјата на македонскиот народ, левицата секогаш била таа која ги предавала државните и националните интереси.

Според Нонковиќ, многу брзо ќе има нов договор.

-Дали тоа ќе се случува повторно негде надвор- Брисел, Стразбур, Виена или на друго место, повторно е се преголем притисок, но има една друга работа, а тоа се 30 милиони мигранти кои сега се тргнати на пат и со отворањето на границите и тука Македонија е повторно клучна и само со стабилна Влада тоа ќе може да се додржи. Ние имавме милион ипол и успеавме некако да додржиме мигранти и бегалци, сега со 30 милиони за тоа треба не само стабилна Влада туку и стабилни институции и органи кои нема да бидат развлекувани за да го штитат Прометеј да не му ги слекуваат гаѓите, туку ќе бидат концентрирани таму и затоа сега повторно имаме иницијатива и сега ЕУ и нејзините претставници постојано бараат што побрзо да имаме избори за да може ова конечно да се реши, се разбира не им е сеедно бидејќи вложија многу пари и енергија за да го рушат Груевски, видоа дека не можат затоа што рушејќи го него го рушат македонскиот народ, а македонскиот народ не го дава лидерот, додава Нонковиќ.

 
 
22.06.2016 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега