На тетовчанец му се смени животот преку ноќ

Четириесет илјади евра, десет часовници и разновиден златен накит се штетата од тешката кражба во станот на  37-годишниот И.А. од Тетово. Тој во полицијапријавил дека е ограбен, а констатирано е дека штетата е 70.000 евра.

Според пријавата на И.А. тешката кражба во неговиот стан на улица „Благоја Тоска“ во Тетово ја извршиле засега непознати сторители најверојатно помеѓу понеделник и вторник. 

- Крадците го искористиле отсуството на домашните во овој период, насилно ја отвориле металната блиндирана врата, целосно ги пребарале сите простории во внатрешноста и од црна пластична кутија во гардероберот во спалната соба одзеле 40 илјади евра во апоени од 50, 100 и 200 евра. Покрај тоа одзеле и десет часовници од познати марки и разновиден златен накит. Со одземеното незабележани од никого го напуштиле станот, информираат од полицијата.

Полицијата извршила комплетен увид при што биле пронајдени и подигнати траги за вештачење и презема мерки и активности за откривање на сторителите и за утврдување на вкупната материјална штета.

 
 
22.06.2016 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега