Америка се вооружува: За една недела само 1 сајт продал 30.000 од овие пушки! (ВИДЕО)

 

По нападот во Орландо во кој загинаа 49 луѓе, а 53 беа повредени, светот води борба за да се воспостави подобра и посилна контрола врз оружјето. Меѓутоа, во меѓувреме на една онлајн страна за продажба на оружје се продадени дури 30.000 АР-15, и тоа само за една недела!

Сопственикот на една ловечка продавница Том Енгл изјавил за локалните медиуми дека неговата онлајн продавница која има инвентар од 300.000 до 400.000 видови оружје, ги испразнила своите полици за една недела од масакрот.

Без оглед на овие факти, американскиот Сенат ги отфрли четирите амандмани за контрола на вооружувањето, кои имале за цел да го ограничат купувањето на оружје, вклучувајќи и надзор на осомничените терористи.

Уште еден шокантен факт ја вознемири светската јавност, а тоа е што дури 5 милиони Американци имаат АР-15, според Националната стрелачка спортска федерација. Оружјето за напад не беше легално во 1994. година, но Конгресот на го обнови овој закон во 2004. година.

АР-15 не е обичен пиштол, тој претставува еволуција на пушката на американската војска М-16, а чини помеѓу 350 и 8.000 долари.

Тој е во употреба од 1958. година и иако е полуавтоматски, може да предизвика голема штета. Неговата предност е брзото испалување на повеќе куршуми, како и многу брзото полнење на муниција.

Ова и слично оружје е користено во 14 масовни пукања во последната деценија.

Адам Линц со ова оружје уби 26 луѓе, од кои повеќето деца, во основно училиште во декември 2012. година. Ова е најмасовното пукање во училиште во американската историја.

 

Исто така, во кино во Колорадо во 2012. година се убиени 12 лица, а во Сан Бернардино настрадаа 14 луѓе на ист начин.

Покрај големата распространетост и лесна достапност, голем проблем е и што лицата од терористичките листи исто така можат да дојдат до опасно оружје. Нив кушувањето на пиштоли и пушки не им е забрането. 

 

 

 
 
21.06.2016 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега