На битолчанецот кој се самозапали му е јагленисано лицето - приклучен е на апарати за дишење
Околу три часот завчера 67-годишен битолчанец се полил со бензин и се самозапалил, па со автомобил во кој имало плинска боца од 10 литри удрил во скалите од зградата на Основниот суд – Битола. Судскиот полицаец успеал да го изгасне лицето кое со тешки телесни повреди е пренесено на клиниките во Скопје.
Како што пренесува Плусинфо, Никола М. кој се самозапали, има изгореници од трет степен, повреди на поголемиот дел внатрешни органи, и од вчера е на апарати за дишење. Јагленисани му биле главата и целото лице.
Настанот се случил во четири часот утрината кога битолчанецот осуден за педофилија, за сексуално злоставување на својата седумгодишна внука од ќерка, го наполнил автомобилот со две мали боци со плин, две пластични туби со непозната запалива течност и плус во багажникот носел плинска боца од 25 килограми, односно со 32 литри пропан бутан гас чиј вентил бил одвртен. Почнал да вози со голема брзина на булеварот Први мај во спротивен правец од дозволениот режим за сообраќај. Тој намерно завртел на левата страна и преку високите рабници на улицата удрил до возилото во еден од столбовите и жардиниерите поставени пред зградата на Основниот суд. Избил пожар од ударот.
Мирчевски во својот дом оставил и проштално писмо кое сега е во рацете на истражителите, пренесе Плусинфо.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа