Водителката сака брак, политичарот не сака ни да чуе: Парот пред криза
Таа сака свадба, тој не сака ни да чуе за овој чекор во животот. На водителката на РТС, Оливера Ковачевиќ, не и оди од рака со политичарот кој си го ќари, 42-годишниот Борко Стефановиќ, кој е лидер на левицата во Србија.
Таа дала интервју за еден весник во кој рекла дека фали само чекор до свадба со помладиот избраник, но сепак нема да има ништо од свадбените ѕвона.
Како што пренесува Ало, и покрај најавите за свадба, Борко бегал од прстен како ѓавол од крст. Тој зад себе има еден пропаднат брак и не планира да се жени повторно.
Парот е во врска од 2011 година и нивната љубов предизвика огромно медиумско внимание со оглед на нивната професија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа