Македонија го одбележува Денот на Охридското езеро

 

Со презентација на нуркачка опрема и опрема за спасување на води и планини денеска во Градскиот парк во Охрид општина Охрид  ќе го одбележи Денот на  Охридското Езеро -  21 јуни.

Во рамки на одбележувањето ќе биде поставена и изложба на фотографии со мотиви од Охрид и охридскиот регион, а настанот ќе заврши со културно- уметничка програма и свечен завет за зачувување на Охридското Езеро.

Денот на Охридското Езеро се одбележува од 21 јуни 2000-та со различни активности, најизменично секоја година во трите езерски градови – Охрид, Струга и Поградец. 

 
 
21.06.2016 - 08:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега