Цело семејство повредено во сообраќајката кај Гостивар - еве ги деталите за несреќата

Непрописно претекнување е причина за тешката сообраќајка несреќа која вчера околу 15 часот се случи на патот Гостивар-Кичево, пренесува порталот Курир.

Во несреќата официјално се повредени седум лица. При сударот помеѓу автомобил марка голф и автомобил марка опел астра е повреден 36-годишниот Е.А. од село Пласница кај Македонски Брод, и две жени кои биле како сопатнички во неговиот голф, како и 35-годишниот Б.С. од Куманово кој во автомобилот бил со сопругата и двете малолетни деца, седум годишно момче и пет годишно девојче, кои се возеле во опелот.

Поради сериозноста на повредите децата биле веднаш пренесени на скопските клиники заедно со уште три лица. 

Несреќата се случила во моментот кога „Голфот“ го претекнувал „Пежото“ во правец кон Кичево, додека од другата страна на коловозот, автомобилот „Опел Астра“ претекнувал товарно возило, неофицијално дознава Курир.

Извор: Курир

 

најчитано сега