Полицијата ги фати разбојниците кои украдоа 1100 евра од африкански туристи

К.А. од Велес и С.К. од Скопје се двајцата разбојници кои полицијата ги уапси поради кражбата на 1100 евра од африкански туристи кои се во посета на Македонија.

Како што пренесува порталот Дума, велешката полиција го фатила 26-годишниот К.А. и 21-годишниот С.К. а се трага по уште еден осомничен.

Разбојниците завчера околу 19 часот и 30 минути на патот Мамутчево-Иванковци во Велес застанале со возило со зелена боја и побарале од 7 африкански туристи кои се нашле на патот да им ги дадат сите пари кои ги имаат. Еден од насилниците во еден момент извадил нож кој му го ставил на вратот на Ч.Ј. од Сиера Леоне, при што од сите илегалци кои биле исплашени за својот живот одзеле 1100 евра.

На осомничените им е одреден притвор во траење од 30 денови.

најчитано сега