Од денеска со авион од Охрид до Белград

На охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ денеска ќе слета првиот авион на „Ер Србија“ со што официјално ќе се означи воспоставувањето на авионската линија Белград - Охрид.

На настанот најавено е присуство на генералниот менаџер на ТАВ Македонија, Зоран Крстевски, главниот извршен директор на „Ер Србија“ за врски и односи со Владата, Бранимир Маловиќ и на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачевски.

Воспоставувањето на оваа авионска линија се очекува да придонесе во развојот на туризмот и во зголемувањето на бројот на туристи од Србија, но и од други европски држави со кои белградскиот аеродром има директни конекции. Исто така, македонските граѓани ќе имаат поволни можности да патуваат до Србија и до европските држави. 

 
 
15.06.2016 - 08:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега