Фондацијата Новаќ Ѓоковиќ донира 700.000 евра за градинките и училиштата

 

Новак Ѓоковиќ Фондацијата до крај на годината ќе реализира 20 проекти во кои ќе бидат покриени повеќе од 5.000 мали деца од 20 градови ширум Србија, за таа потреба ќе бидат издвоени 700.000 евра, најави денес националната директорка на таа фондација Јелена Ѓоковиќ.

- „Примивме повеќе од 1.44 пријави за конкурс, нашите деца растат и се школуваат во многу лоши услови, потребен е мебел, прозори, греење, игралишта, тоалети... Од 1.400 проекти прифативме 20 и тоа заборуваме само колку уште останаа за да се инвестира“, изјавила Ѓоковиќ на конференцијата за новинарите.

- „Се трудевме да избереме школи во кои децата се во предшколски програми во многу тешки услови и сакавме тоа да го промениме на подобро. Ова е прилика да ги повикам сите поединци и компании да размислуваат за иднината на нашите најмлади и да на децата да им го оствариме сонот“.

Според нејзините зборови, најголемите проекти за оваа година се реконструкција за објектите „Наша радост“ во Александровац, адаптација на старите школи и потребите на градинките во Медошевац и реконструкција на објектот „Весели цветови“.

Проектите кои ќе бидат завршени помеѓу првите се игралишта во Нови Бечеј и опремување на дворовите во три градинки „Радост“ во Србобран, исто така и во тек се припреми за да се преуредат стрите училишта во Смедерево, како и да се поправи состојбата во „Полетарец“ во Жагубица, каде малите немаат адекватни играчки, столчиња и масички.

Новак Ѓоковиќ Фондацијата од 2012 до денес уложила повеќе од 3 милипни евра, со проектите на таа Фондација се опфатени повеќе од 6.500 деца и до сега се уредени 14 школи.

 

 

 
 
13.06.2016 - 20:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега