Скандалозно соопштение на СЈО го прекрши уставно загарантираното право на пресумпција на невиност

 

Специјалното јавно обвинителство попладнево на својата интернет страница објави скандалозно соопштение во кое што флагрантно го прекрши уставно загарантираното право на пресумпција на невиност.

sjo

Сите лица за кои СЈО покренало постапка во еден од предметите, по налог на Катица Јанева, политички беа ставени на “ѕидот на срамот“, иако ниту истрагата е завршена ниту е покренато обвинение, а уште подалеку е отпочнувањето на судскиот процес во кој што би биле ценети тврдењата на СЈО.

Изминатиов период во јавноста се говореше за селективното работење на Јанева по налог на опозициската СДСМ. Овој последен испад само потврдува дека целта на специјалната јавна обвинителка е пресметка со политичките опоненти на Заев и рушење на нивниот углед.

dokument-sjo

dokument-sjo2

dokument-sjo3

Ваквиот скандалозен потег на СЈО беше видлив за јавноста скоро цел час, време доволно за сите да ја прочитаат и симнат информацијата.За потоа да ја сокријат трагата од овој испад, го избришаа срамното соопштение, па објавијаново во кое наводно ја заштитуваат пресумпцијата на невиност и го прикриваат идентитетот на лицата против кои водат постапка, објавувајќи ги со иницијали.

За ваквото грубо кршење на Уставот и загарантираните човекови права и слободи, очекуваме реакција од Народниот правобранител бидејќи доколку ваквиот чин на Јанева мине неказнето, тоа ќе значи отворен пат за сите органи на прогонот да го игнорираат принципот на пресумпција на невиност.

 
 
13.06.2016 - 18:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега