Најскапата авионска карта чини 70.500 евра - нема да верувате што е вклучено во цената

 

Најскапата авионска карта чини 70.500 евра, во најголемиот патнички авион во светот.

Компанијата "Etihad ervejz“ нуди карта од Лондон до Мелбурн еве што е вклучено.

Купците на оваа карта имаат на располагање трособен апартман во кој можат да бидат најмногу двајца. Апартманот има 12 квадратни метри, и се наоѓа на горната страна на авионот.

Дневниот престој има 32-инчен ЛЦД телевизор, кожен мебел и две трпезариски маси. Јадењата кои се понудени на менито се направени од врвни готвачи.

Од ходникот се влегува во спалната соба во која има голем брачен кревет кој е прекриен со италијанска постелина, а на ѕидот е фиксиран 27-инчен ЛЦД телевизор.

Исто така на располагање ви е купатило во кое има туш, огледало за шминкање и фен за коса.

Трошоците за авионската карта вклучуваат луксизен превоз до аеродромот, приватно пријавување на летот односно чекирање на карти.

 

 

 
 
13.06.2016 - 17:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега