ФОТО: Перо Антиќ пристигна во Атланта

Перо Антиќ го мина долгиот пат од Франкфурт до Атланта и веќе пристигна во просториите на својот нов клуб, Атланта хоукс. Како што беше сензационално обелоденето утрово, македонскиот капитен по заминувањето од Олимпијакос својата кариера ќе ја продолжи во НБА, со што ќе стане првиот кошаркар од нашата земја што ќе заигра во најсилната лига на светот. На оваа фотографија објавена преку Инстаграм нашиот ас позира крај логото на својот нов клуб. 

најчитано сега