Граѓани од 12 држави од денеска може да ја гледаат Америка само на слики
Забраната за патување во Соединетите Американски Држави за граѓани на 12 земји, претежно африкански и блискоисточни, што ја донесе американскиот претседател Доналд Трамп, стапи на сила денес.
Забраната, која Трамп ја потпиша минатата недела, се однесува на граѓани на Авганистан, Мјанмар, Чад, Конго, Екваторска Гвинеја, Еритреја, Хаити, Иран, Либија, Сомалија, Судан и Јемен, објави АП.
Забраната, исто така, наметнува зголемени ограничувања за лица од Бурунди, Куба, Лаос, Сиера Леоне, Того, Туркменистан и Венецуела кои се надвор од САД и немаат важечка виза.
09.06.2025 - 10:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа