Разладете се во пеколните денови - Базенот Аеродром центар на забавата

Летната атракција – Базен Аеродром и оваа летна сезона ќе биде центар на беспрекорните забави и дружења кои што ќе им овозможат на сите посетители максимална сатисфакција и уживање во пеколните летни денови. Посетителите ќе можат да ја почувствуваат летната водена еуфорија и неверојатната атмосфера со отворањето на Базен Аеродром на 11-ти јуни, сабота од 10 часот.

 Очекувањата на метеоролозите за тековната летна сезона во Скопје се базираат на пеколно високи температури, и каде најдобро да се разладите во текот на жешките денови ако не во најдобриот отворен базен во Скопје – Базен Аеродром. Токму затоа, оваа сабота во 10 часот ќе биде почетокот на незаборавното лето што го овозможува базенот со разни летни изненадувања, лудории, забава, бескрајно дружење. Воедно, поради фудбалската еуфорија која ги обзема сите македонски граѓани со Европското Првенство во Франција, Базен Аеродром овозможува посебен спортски корнер каде што ќе се врши следење на сите натпревари и заедно со понудените вкусни специјалитети од ресторанот, посетителите со своето друштво ќе можат да уживаат во адреналинската и енергичната атмосфера.

 Јавноста ќе биде дополнително известена за сите забавни содржини кои се планирани за летните месеци. Сите потребни информации за капацитетот на Базен Аеродром и новитетите и неверојатните можности кои ги нуди, можете да ги проследите на Facebook профилот од следниот линк: https://www.facebook.com/BazenAerodrom/

 
 
10.06.2016 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега