„I will always love you“ ќе се најде на надгробниот споменик на Витни Хјустон

Најпознатата песна која што ја има испеано поранешната американска пејачка Витни Хјустон, поточно нејзините зборови ќе се најдат на нејзиниот надгробен споменик. Хјустон беше погребана во Њу Џерси покрај нејзиниот татко. 

Покрај песната ќе бидат испишани и датумот на раѓањето и на смртта, исто така, пишува „THE VOICE“.

Витни Хјустон минатата година еден ден пред добивање на наградата „Грејми“ беше пронајдена мртва во бањата во хотелска соба на Беверли Хилс. Докторите утврдија дека Хјустон била под дејство на дрога, лекови и алкохол, при што паднала во када и се удавила.