Морски имитатор: Овој октопод е мајстор за камуфлирање (ВИДЕО)

Природата никогаш нема да престане да не изненадува со најразлични суштества и појави. Таман помисливме дека на оваа планета ништо не ни е непознато, ќе налетаме на суштество кое не само што не и е познато на науката, туку и изгледа како да е од друг свет.

Ви го претставуваме октоподот имитатор.

Повеќе од две третини од површината на нашата планета е покриена со вода, така што и понатаму не знаеме што се не чека во морските длабочини. Најмногу од легендите за чудовишта се врзани токму за водата, а кога ќе го видите и следното слуштество ќе ви биде јасно и зошто.

Овој октопод има единствена способност, како што кажува и неговото име тој е толку вешт во имитирањето што станува речиси идентичен со другите морски животни. Сите октоподи имаа способност да ја менуваат бојата и да се камуфлираат, но имитаторот отишол чекор подалеку бидејќи тој и со својот облик ги копира другите суштества како змиите, медузите и рибите.

 

 
 
09.06.2016 - 20:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега