Албанците бесни: УЕФА им додели грб со рускиот бел орел!

Навивачите на фудбалската репрезентација на Албанија се огорчени на организаторите на Европското првенство кои направиле голема грешка и погрешно го претставиле грбот на оваа земја.

На официјалниот Твитер профил на ЕП се појавила слика со погрешен грб и знаме на оваа земја. Наместо црниот двоглав орел, се појавил грбот на Русија.

Навивачите на Албанија ги опсипале организаторите со жестоки навреди, а потоа спорниот твит е повлечен.

Албанија на Европското првенство во Франција ќе игра во група со Швајцарија, Франција и Романија.

 

 

 

 
 
09.06.2016 - 19:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега