Поповски: Шуклев, уништувач на генерации чесни Македонци

Поранешниот македонски олимпиец Лазар Поповски преку социјалната мрежа Фејсбук даде поддршка за полициската акција „Еразмус“ спроведена на Економскиот факултет, но сподели и лично искуство со екс деканот Шуклев.

-Бобек Шуклев, анационален профитер, уништувач на генерации чесни Македонци.

Јас своето како Олимпиец и студент на Економскиот факултет уште пред многу години јавно го експонирав и направив, за жал бев осамен, кога ме уценувавте или спорт или наука… ама сега дојде ред на државата.Малку е за тебе и таквите како тебе и уште еднаш ако знаете што е тоа..

…срам!

за сите вработени на факултетот што знаеа и посредува “пријателски”, а највеќе за сите родители што ги прифаќаа вашите уцени и своите синови и ќерки ги ставаа во вашите скутови од неизживеани и малограѓански страсти, пишува Поповски на Фејсбук.

 
 
09.06.2016 - 17:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега