Неждет Мустафа: Македонија е феномен во остварување на правата на Ромите

Министерот без ресор во Владата на Република Македонија, Неждет Мустафа, денеска учествуваше на дебата „Интеграцијата на Ромите 2020“ што во Брисел се одржа во организација на Фондацијата Отворено општество, Европската комисија и на Советот за регионална соработка (РЦЦ), кои беа претставени од Џорџ Сорос, спонзор на Фондацијата и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, додека во своите пораки Сорос и Хан истакнаа дека се уште трае борбата за целосна интеграција и недискриминација на Ромите во Југоисточна Европа, македонскиот министер Мустафа им порача на нив и на повеќе од 100 присутни дека Република Македонија е шампион во промовирање на правата на Ромите.
            
– Задоволство е што тука споменуваме дека Македонија е лидер во однос на имплементацијата на Акциските планови на декадата и стратегијата на Ромите и дека е за пример и другите држави да се запознаат со конкретните акции на Република Македонија во однос на интеграцијата на Ромите. Да се зафатат сите ромски деца -средношколци во земјата и на истите да им се дава стипендија од прва до четврта година е бенефит што го нема во ниту една држава на Балканот, ниту во Европа. Да се сместат сите ромски деца во градинки во државата е исто така бенефит што го нема во ниту една држава, порача Мустафа.
            
Македонскиот министер од ромска националност, исто така, порача и дека Македонија во однос на интеграцијата на Ромите има силни чекори особено во државните ресурси.
 
– Имаме Ром што е градоначаник во локалната смаоуправа, што исто така е пример за другите држави да го направат. Имаме пратеник, заменик-министер, министер и директори што е феномен. Денеска, тука тоа беше големо задоволство сите да се сретнат со министер што е Ром од Република Македонија. Тоа се неколку клучни моменти што покажуваат дека иднината на Ромите во Република Македонија оди на подобро. Не дека е се идеално и дека нема сиромаштија, не дека нема вработувања, тоа се сериозни проблеми што со децении ќе мора да се решаваат. Но, ова е добар показател дека Македонија оди напред во однос на интеграцијата на Ромите, додаде минситерот Мустафа.
           
Министерот без ресор во македонската Влада имаше можност и да дискутира со еврокомесарот Хан, по што ја пренесе информацијата што му ветил првиот човек на Европската унија за проширување:
 
– Сакам да ги известам Ромите низ Европа дека денеска комесарот Хан даде силна, охрабрувачка изјава дека Комисијата со будно око ќе ја следи активната интеграција на Ромите, особено во Југоисточна Европа и Западен Балкан и дека дефинитивно ќе бара од државите-членки и кои се уште не се членки на ЕУ да направат конкретни акции со буџети што ќе кореспондираат со буџетите на Европската комисија со конкретни задачи за конкртна интеграција, пренесе Мустафа.
            
Во својот настап, Неждет Мустафа на присутните им пренесе дека во Македонија се спроведуваат активни акции во локалната самоуправа со средства што се големи дека речиси едвај 20 отсто од улиците каде пред 10 години не можело да се влегува, сега само не се допраени.
 
– Владата на Република Македонија, во соработка со локалната самоуправа, веќе секоја година инвестира во подобрување на животниот стандард на ромската заедница во земјата, заклучи министерот Мустафа.
            
Во својот говор, еврокомесарот Јоханес Хан истакна дека ЕУ работи на прашањето за интеграција на Ромите 2020 и дека како комесар за регионална политика во минатото еден од првите состаноци што ги имал дека ги имал токму со Џорџ Сорос во 2010 година. Според Хан, со својот соговорник уште тогаш утврдиле дека ова е важно прашање и дека за истото е направено многу преку регионалната политика, а дека сега истото го прави и со своите колеги преку проширувањето.
 
– Сорос е посветен со години, од неговата прва иницијатива во 1984 година и повеќе од 30 години Отвореното општество работи на интеграција на Ромите. Многу е постигнато со декадата 2005 – 2015 што ја стави интеграцијата на Ромите на врвот на политичката агенда и во ЕУ, истакна Хан.
            
Во однос на балканскиот регион и проширувањето, еврокомесарот истакна дека Брисел одлучил да даде петти приоритет, а тоа е пристап до цивилната документација за борба против дискриминација на Ромите. Ова, според него, ќе се постигне ако Владите, ромската заедница и невладините организации, не само за Ромите, туку и другите, заедно со европските институции најдат јасна и заедничка цел.
 
– Не е само пари што треба да се потрошат, туку и како да се потрошат. Има простор за подобрување, да најдеме пари на терен за луѓето да најдат начин да ги подобрат условите за живеење и да и им се даде на младите лица перспектива во ЕУ без да се откажат од корените, културните односи. Силата на Европа со векови е културата и историската различност и Европа ќе преживее глобално ако ја зачуваме оваа различност жива и во исто време најдобро да ја искористиме, преку искуство иначин за пристап. Седум проценти од нашата популација се Ромите, заклучи Хан.
            
Милијардерот Џорџ Сорос, пак, порача дека прашањето за Ромите е нешто што е блиску до неговото срце и дека „не е потребно тоа да биде до срцето на Владите што партиципираат, но во духот на соработката“. Европската унија, според Сорос, препознала дека има во Унијата широко малцинство кое имало најлош случај на исклучивост на етничко поле.
            
– Продолжуваме да соработуваме и заеднички го спонзорираме овој напор, кој многу го поддржувам и ќе продолжам да се надевам дека ќе направиме голем успех. Интеграцијата на Ромите 2020 е исполнување на амбициите на декадата За тоа што е постигнато, бев лично инволвиран во раните години и мојот посебен интерес и интерес на фондацијата е едукација на Ромите и ромската култура. Целта ни е не само да се образоваат Ромите, туку и да има Роми што се интересираат за својата историја и култура. Тоа ќе ги разбие стереотипите што прави тешко за демократски влади да имаат специјални напори за интеграција на Ромите поради насилството на генералната популација, порача Сорос.
            
Според Џорџ Сорос, ромската култура и образование се централна цел на неговата Фондација и во тој поглед најави наесен покренување на Европски ромски институт за ромската уметност, култура и орбазование што ќе биде основан во Берлин (Германија) со поддршка на германската Влада. Сорос, исто така, посочи дека проблемот со миграцијата во Европа и на Балканот има големо влијание на регионот и ги става во сенка прашањето за Ромите и се останато.
            
Џорџ Сорос денеска посочи и дека тој не учествува во уништување на Република Македонија и посочи дека политиката на неговото Отворено општество во Македонија ја води управниот одбор што е составен од македонски граѓани.
            
– Немам одговор, не сум посветен на уништување на земјата и не знам како да одговорам, освен да го игнорирам ова, истакна Џорџ Сорос на директното прашање дали учествува во кризата и нередите што во Македонија ја создаваат лица што се на платен список на Иинститутот отворено општество.
           
Но, на прашањето на дописникот на МИА од Брисел како може да учествува во соборување на македонската Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која во периодот на владеење со земјата стана шампион во промовирање на правата на Ромите со избор на министер, заменик-министер, градоначалник, пратеник и директори во Јавни институции и дека дел од лицата што протестираат во земјата се декларираат како „соросоиди“ и отворено ја поддржуваат опозициската СДСМ, Џорџ Сорос со одговор со кој ја префрли одговорноста на лицата што ја предводат неговата фондација во Македонија:
 
– Се плашам дека веќе одговорив на прашањето од Македонија, бидејќи не сум лично инволвиран во случувањата во Македонија. Фондацијата таму се состои од македонски управен одбор, македонски државјани вработени и тие се оние што одлучуваат за политиката на Фондацијата и тие треба да одговорат на прашањето, беше дециден Сорос.
            
Комесарот Хан, пак посочи дека задача на сегашната македонска Влада се спроведување на Пржинскиот договор и итните реформски приоритети на Европската комисија.
           
– Владата и сите партии се определаија да се држат до договорот од Пржино, до итните реформски приоритети и до прашањата за малцинствата. Сето ова е дел од оценката на ЕК за земјите од процесот на проширување во рамки на есенските прогрес-извештаи, не само за вашата. Што е сторено и имплементирано ќе биде оценето од нас, истакна Хан.
 
На крајот на дебатата, сите говорници се согласија дека „порастот на популизмот и национализмот оди против интеграцијата на Ромите и правата на малцинствата“.
 
 
09.06.2016 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега