Црна година во Македонија: Еве колку убиства и самоубиства имало лани

Од насилна смрт лани во Македонија починале 513 лица, што е за 4,1 процент повеќе во однос на 2014 година. Умрените од  насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 2,5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, како и во претходните години, и во минатата година поголемо учество (72,1 процент) имаат машките лица.

Во вкупниот број случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат „несреќните случаи” со 70,4 проценти, потоа „самоубиствата” со 22,2 проценти и „убиствата” со 7,4  проценти. Во категоријата „несреќни случаи”, најголемо учество (29,2 проценти) имаат умрените лица од „други надворешни причини за случајна повреда”.

Во категоријата „самоубиства”, случаите кај коишто смртта настапила поради „бесење, странгулација и  суфокација” имаат најголемо учество со 13,6 проценти.

Во категоријата „убиства”, пак, доминантна причина за смрт е „oбид за нанесување телесна повреда со истрел од друго и од неозначено огнено оружје” со учество од 3,7 проценти во однос на вкупниот број на случаи на насилна смрт.

 
 
09.06.2016 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега