Кивањето открива каква личност сте
Гласното и експлозивно кивање во поголемиод дел од случаите доаѓа од лица кои се отворени и демонстративни, додека срамежливите лица се обидуваат да го спречат кивањето, што резултира со стишен звук.
„Кивањето е како смеењето. Некои се смеат гласно, некои нежно. Слично е и со кивањето. Тоа е повеќе психолошка работа и во суштина открива каква е некоја личност, како и структурата на карактерот“, вели неурологот Алан Хирш. Кивањето е рефлекс кои предизвикува полен и прашина инфлитрирана во носот, а мозокот испраќа порака до организмот дека мора да се ослободи од напнатоста. Сепак е можно да се контролира начинот на кој истиот се исфрла. Експертите велат дека и обликот на носот и структурата на носот играат мала улога во тоа како ќе звучи ќивањето.