Страшна сообраќајка: Охриѓанка се забила во дрво

Дваесет и седумгодишната охриѓанка изгубила контрола над автомобилот „шкода фелиција“ и со левиот дел од автомобилот удрила во рабник на левата страна по што возилото се занесло преку коловозот и излетало надвор од коловозната лента удирајќи во патоказ и во дрво.

Повредената, со тешки телесни повреди, односно повеќе фрактури и повреда на внатрешни органи, со возило на брза помош била пренесена во медицински центар Охрид оддел за хирургија каде и е укажана неопходна медицинска помош. Оттука, поради сериозноста на повредите е пренесена на клиниките во Скопје на понатамошно лекување.

По наредба на Јавен обвинител, на местото на сообраќајната незгода увид извршија вешто лице и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид. За време на увидот немало прекин на сообраќајот, а врз патничкиот автомобил „шкода-фелиција“ ќе биде извршено дополнително вештачење

 

 

 
 
09.06.2016 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега