Груевски ужива двојно поголема доверба кај граѓаните од Заев

Доколку гласањето е задолжително со закон, поголем дел од гласачите во земјата би гласале за ВМРО-ДПМНЕ – 27,1 процент. За СДСМ се изјасниле 15,8 проценти, покажа новата анкета спроведена од Брима Галуп, која ги изработува и истражувањата на јавното мислење за потребите на престижниот американски Интернационален Републикански Институт.

Двојно поголема е довербата на граѓаните на Македонија во лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, од довербата која ја ужива лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

prasanje10

20,9 отсто од испитаниците се изјасниле дека најмногу му веруваат на Никола Груевски, а само 10,2 имаат доверба во Зоран Заев.

Кај македонските испитаници таа разлика е уште поголема. 30,8 отсто му веруваат на Груевски, а само 12,1 отсто му веруваат на Заев.

anketa-gruevski

Гласачите во земјава веруваат дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ најмногу се грижи за нивните барања и лични потреби. 26, 9 проценти од испитаниците се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, а само 16 отсто дека тоа е СДСМ.

 
 
09.06.2016 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега