Анкета на „Брима Галуп“: ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност пред СДСМ

Доколку гласањето е задолжително со закон, поголем дел од гласачите во земјата би гласале за ВМРО-ДПМНЕ – 27,1 процент. За СДСМ се изјасниле 15,8 проценти.

Доколку се издвојат одговорите на Македонците кои биле дел од ова испитување на јавното мислење, ВМРО-ДПМНЕ има двојно поголема предност пред СДСМ. 39,6 отсто се изјасниле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а 19,3 отсто за СДСМ. Ова се резултатите од последната анкетата што ја спроведе реномираната и угледна агенција за истражување на јавното мислење, Брима Галуп.

Брима Галуп, која ги изработува и истражувањата на јавното мислење за потребите на престижниот американски Интернационален Републикански Институт, анкетата ја спроведе на барање и во соработка со неделникот „Република“. Теренската анкета за испитување на јавното мислење на граѓаните во однос на повеќе прашања поврзани со актуелни политички теми, е спроведена во периодот од 5 мај до 12 мај 2016 година, при што се анкетирани 1006 испитаници на возраст над 18 години.

Со оглед на фактот што на сите досегашни избори, етничките Албанци во Република Македонија речиси стопроцентно гласаа за политичките партии во албанскиот политички кампус, посебно ги издвојуваме резултатите од анкетата кои се однесуваат на мислењето на Македонците. Истовремено, поаѓајќи од фактот што македонските гласачи на избори, во најголем процент својата поддршка ја даваат за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, истражувањето генерално е насочено со прашања кои се однесуваат за овие две политички партии, освен одговорите на прашањето за рејтингот на политичките партии, каде освен македонското гласачко тело во предвид беше земено севкупното расположение на сите етнички заедници (Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и останати), со цел да се добие реален приказ за расположението на граѓаните за сите релевантни политички партии во државата.

Двојно поголема е довербата на граѓаните на Македонија во лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, од довербата која ја ужива лидерот на СДСМ, Зоран Заев.  20,9 отсто од испитаниците се изјасниле деканајмногу му веруваат на Никола Груевски, а само 10,2 имаат доверба во Зоран Заев.

Кај Македонските испитаници таа разлика е уште поголема. 30,8 отсто му веруваат на Груевски, а само 12,1 отсто му веруваат на Заев.

Анкетираните главно му веруваат на ВМРО-ДПМНЕ. На прашањето „На чиј збор и верување повеќе им верувате – на СДСМ или на ВМРО-ДПМНЕ, 32,8 проценти од испитаниците се изјасниле дека веруваат во ветувањата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а 15,3 отсто рекле дека повеќе веруваат на СДСМ.

И кога ќе се издвојат одговорите на испитаниците кои се Македонци, се јавува повеќе од двојна разлика, во корист на ВМРО-ДПМНЕ – 40 отсто се изјасниле за владејачката партија, а 18,4 проценти за опозиционата партија.

ps3-chart-79_1

ВМРО-ДПМНЕ подобро би се справила со безбедносните прашања во земјава од СДСМ, сметаат испитаниците во анкетата што ја спроведе Брима Галуп. 28,7 проценти од нив се изјасниле за најголемата владејачка партија, а 15,4 отсто за најголемата опозициона партија.

3-chart-79_1

40,9 отсто од Македонците кои биле анкетирани веруваат дека ВМРО-ДПМНЕ подобро би се справила со безбедносните прашања во земјава, а само 16,2 отсто сметаат дека тоа е СДСМ.

ps5-chart-79_3

25,6 отсто од анкетираните граѓани сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ подобро би се справила со решавање на меѓуетничките односи, а 14,8 проценти веруваат дека СДСМ би била поуспешна во однос на ова прашање.

5-chart-79_3

Издвоено одговорите на македонските испитаници велат дека 35,3 отсто од нив довербата за ова прашање ја дале на владејачката партија, а 16,5 осто на најголемата опозициона партија.

ps4-chart-79_2

И кога е во прашање проблемот со името, ставот на испитаниците е ист – 26,3 проценти сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ подобро би се справила со прашањето за името, а 13 отсто веруваат дека тоа е СДСМ. 4-chart-79_2

Довербата за прашањето за името на ВМРО-ДПМНЕ ја доделиле 36,6 проценти од испитаниците кои се од македонска националност, а 13,8 проценти од нив се изјасниле за СДСМ.

ps9-chart-124

62 проценти од граѓаните не би прифатиле промена на името со додавање на географска одредница, со цел да влеземе во ЕУ и НАТО. 31,3 проценти пак имаат поинаков став, односно би прифатиле промена на името на сметка на влез во ЕУ и НАТО.

9-chart-124

Голем е процентот на испитаниците од македонска националност кои не прифаќаат промена на името со додавање на географска одредница, со цел да влеземе во ЕУ и НАТО – дури 83,7. Само 11,8 отсто се изјасниле дека би прифатиле таква промена на името.

ps6-chart-89

Повеќе од половина од граѓаните, или поточно 53,7 отсто од нив, сметаат дека тоа што го прави опозицијата е гола борба за власт. Само 29,8 отсто веруваат дека опозицијата се бори за слобода и демократија.

6-chart-89

Поголем број од Македонците исто така веруваат дека тоа што го прави опозицијата е гола борба за власт, или поточно 56,1 процент. Двојно помалку се оние кои сметаат дека опозицијата се бори за слобода и демократија – 26,7 отсто.

ps7-chart-119

Гласачите во земјата, судејќи по резултатите од анкетата, не веруваат дека доколку дојде на власт СДСМ ќе биде подемократска партија од ВМРО-ДПМНЕ. 49,3 проценти од нив сметаат дека СДСМ нема да биде подемократска од сегашната владјачка партија, а само 28,4 отсто веруваат во спротивното. 7-chart-119

Издвоено, 52,1 процент од Македонците кои биле дел од оваа анкета не веруваат дека доколку опозиционата партија дојде на власт ќе биде подемократска од ВМРО-ДПМНЕ. Многу помалку, или поточно 24,9 проценти веруваат во спротивното.

ps8-chart-120

Граѓаните во земјава не наоѓаат оправдување во фарбањето на зградите и спомениците. Дека не е оправдан ваквиот чекор сметаат 60,9 проценти од испитаниците, а само 26,6 отсто наоѓаат оправдување во ваквата постапка.

8-chart-120

Ако се издвојат одговорите на испитаниците кои се Македонци, процентот на оние кои не наоѓаат оправдување за уништувањето и фарбањето на зградите и спомениците е уште поголем – 70 отсто. Само 18,4 проценти го имаат спротивното мислење.

Маргина на грешка е ± 3 проценти на ниво на доверба 95 проценти.

 

 
 
09.06.2016 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега