ПОБРЗАЈТЕ, РОКОТ ИСТЕКУВА: УЈП ќе отпочне со присилна наплата на радиодифузна такса

УЈП ги известува граѓаните дека истекува рокот за отплата на долгови за Радиодифузна такса. АКо не се платени долговите, Управата за јавни приходи ќе отпочне со активности и постапки за присилна наплата. Со цел обврзниците да не се изложуваат на блокирање на сметки и дополнителни трошоци,навремено да проверат дали имаат заостанати долгови, односно истите доброволно да ги платат.

Како да проверите дали имате долгови за РДТ?

- УЈП доставува известување (опомена) до обврзникот секој месец, за износот на заостанатиот долг во Решението за РДТ. Се препорачува граѓаните за проверка на состојбата на долговите за РДТ и за проверка дека плаќањето на РДТ да го користат електронскиот сервис е-РДТ или со доказ за извршена уплата да се обратат во даночните канцеларии со цел да се осигураат дека нема да биде спроведена присилна наплата на долговите.

Со цел намалување на времето и трошоците за плаќање на РДТ, без чекање на шалтери, граѓаните може да извршат плаќање на таксата со Visa, Maestro и MasterCard безготовинска картичка преку интернет, користејќи ја електронската услуга „е-Радиодифузна такса“ https://etax-fl.ujp.gov.mk/index_rdt.jsp Регистрацијата за е-РДТ е бесплатна, брза и едноставна, единствено што ви е потребно е пристап до интернет и е-пошта!

 
 
08.06.2016 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега