Димовски: Одлуката за условен увоз на брашно и пченица од Србија нема да биде укината

 

Одлуката за условен увоз на пченица и брашно од Србија нема да се укине се додека не заврши откупот на домашното лебно жито и додека пазарот со брашно не се избалансира, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски пред членовите на матичната собраниска Комисија.

Според него, заклучокот од ЦЕФТА-состанокот одржан завчера во Белград е, решавањето на проблемот да се сведе на билатерално ниво. - Максимално се трудиме да ја искористиме можноста за откуп на домашната пченица. Имаме разбирање од мелничарите, но и од индивидуалните производители, истакна Димовски.

Изминативе месеци во Македонија се увезени 153.000 тони пченица и 70.000 тони брашно што значително го наруши домашниот пазар.

На дневен ред на денешната седница е и договорот за закуп на земјоделско земјиште склучен со Сахара Груп.

ФОТО: Влада

најчитано сега