Доделени 36 решенија за легализација на дивоградби во Кисела Вода

Денеска Кисела Вода денеска по 11. пат додели решенија за легализација на бесправно изградени објекти. Со новите доделите 36 решенија бројот на легализирани дивоградби се искачи на 1.833.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ ги потсети граѓаните кои се уште не ја комплетирале целосно потребната документација, тоа да го сторат што поскоро, како би можеле во најкраток можен рок да ги легализираат своите дивоградби, а процесот на легализација да заврши во законски утврдениот рок.

- Ова постојано го потенцирам бидејќи со законските измени, крајниот рок за доставување геодетскиот елаборат е јуни 2014 година. Тоа треба да биде силен сигнал за сите наши сограѓани да не губат време и да изготват геодетски елаборат, по што општината ќе може да го заврши предметот за легализација во нивни интерес и конечно да изготви решенија за легализирање на овие објекти, рече Беличанец - Алкесиќ.

- Легализирањето дивоградби нуди поволности за сите. Од една страна, граѓаните конечно и формално-правно ќе располагаат со своите имоти, а локалната самоуправа од друга страна, ќе има широко отворени раце за носење нови детални урбанистички планови со кои ќе го трасира успешниот урбанистички развој,  истакна Беличанец - Алексиќ.

Праксата за делење на решенија за легализација на неделна основа ќе продолжи и во следниот период, а во досегашните три месеци поделени се над 450 нови решенија за легализација.

ФОТО: Денешен

најчитано сега