Перо Антиќ заминува во НБА - ќе игра за Атланта

За прв пат, Македонија ќе има свој играч во НБА. Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Перо Антиќ потпишал едногодишен договор со можност да се продолжи и за наредната година со НБА тимот, Атланта Хоукс. Веста на Твитер ја објави неговиот агент Мишко Ражнатовиќ. 

 

Перо Антиќ беше пријавен за НБА драфтот во 2003 година, но пред самиот старт се откажа. Следната година доби можност како слободен агент да потпише за било кој тим, но Антиќ се реши за Европа.

најчитано сега