Поштар од Битола трошел пари на пензионери
Контролор во Македонска Пошта во Битола си заработи кривична пријава бидејќи ја искористил службената позиција и трошел пари на пензионери од Битола.
Се работи за 37-годишниот М.К. од Битола кој во пет наврати своерачно се потпишал и реализирал пензиски чекови на четири лица од Општина Ресен и три лица од Битола, за кои знаел дека не се во Македонија.
На тој начин контролорот се стекнал со противправна имотна корист во износ од 248.725 денари.