Фудбалерите на Вардар по втор пат поразени од Стеауа

Фудбалерите на романскиот првак Стеауа и во реванш натпреварот од 2. коло од квалификациите од Лигата на шампионите синоќа одигран на Националната Арена „Филип Втори“ го совладаа македонскиот првак Вардар со 2:1 и со вкупни 5:1 се пласира во следната рунда каде ќе игра против Динамо Тбилиси. 

Стеауа поведе во 23. минута по продорот по десната страна на Николае Станцу, а стрелец беше Федерико Пиовакари. Вардар изедначи во последната минута од првиот дел по одличната акција која ја почна Филип Петров, Хименез нафрли, а стрелец беше Јован Костовски. Конечните 1:2 во 72. минута ги постави Александру Бурцеану по контрата на неговата екипа. Стеауа имаше неколку шанси, но голманот на Вардар Игор Павловиќ во успешно интервенираше. И вардарци пропуштија неколку прилики да постигнат втор гол.

Инаку, во Градскиот парк пред стадионот се случувала вистинска бркотница помеѓу членови на навивачката група „Комити“ и полицијата во која е нанесена е голема штета на околните угостителски објекти и неколку приватни автомобили. Повредени се неколку навивачи.

најчитано сега