Невремето предизвика големи штети кај земјоделците во Македонска Каменица

Штети на градинарските култури, овошните насади од јаболка и ореви што ги предизвика вчерашното невреме, пријавија денеска во Општина Македонска Каменица жителите на селата Моштица, Косевица и Костин Дол.
 
проследено со силен град, пороен дожд и силен ветар, пријавуваат денеска до  
 
Како што истакна градоначалникот Дарко Митевски, Општината е целосно подготвена да им излезе во пресрет на земјоделците.
 
- Имаме определено лице кое денеска ги прима пријавите за штетите, а веќе утре Комисијата за проценка ќе излезе на терен. По оваа постапка, ќе направиме напори да ги обесштетиме земјодлеците со одлука на Советот или од Државната комисија надлежна за вакви природни катастрофи, рече Митевски и потврди дека најголем дел од штетите се забележани кај раноградинарските култури.
 
Според земјоделците, невреме како вчерашното, со интензивен град со големина на јајце, во овој регион немало последниве неколку децении
 
 
31.05.2016 - 16:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа