Неколку совети за подобар орален секс

Оралниот секс е омилена предигра на секој маж, но само ако девојката знае што прави. Доколку таа ги прави следниве грешки, место уживање, партнерот поминува низ мачење.

Употребувате заби

Најлошото нешто што можете да го направите за време на орален секс е да ги зариете забите во неговата нежна кожа таму долу. Тоа е и најчестата поплака од стана на мажите. Многу е лесно кога изведувате фелацио да заборавите што правите и ненамерно да ја направите оваа грешка. За да избегнете директен контакт на вашите заби и неговиот пенис, освен да ја држите устата доволно отворена, можете и да ги користите усните како штит.

Не ја менувате техниката

Еден од најважните фактори кои придонесуваат за неверојатно фелацио е менување на техниката и внесување на новитети. Не дозволувајте да му стане досадно. Употребувајте ги не само усните, туку и јазикот, рацете и градите. Постојано менувајте го интензитетот на вашите допири, по кои тој секогаш ќе копнее.

Следите брзо темпо

Многу жени сметаат дека ако дејствуваат колку што можат побрзо, ќе го доведат својот партнер до силен оргазам. Но, вистината е дека целото искуство влијае врз степенот на задоволство што тој ќе го чувствува. Освен ако не брзате за некаде, не практикувајте брзо темпо, затоа што повеќето мажи сакаат да уживаат колку што е можно подолго.

Не внимавате што ви кажува неговото тело

Некои жени сметаат дека секаков орален секс им носи задоволство на мажите, па го прават тоа на одреден начин не земајќи во предвид дека нивната техника може и да не му носи толку големо задоволство на партнерот. За да дознаете што му годи, а што не толку многу, потребно е да го набљудувате. Според фацијалните експресии, мрдањето на неговите колкови, стегањето на мускулите на нозете и се разбира преку звуците кои ги испушта, лесно можете да процените кои ваши потези вртоглаво го задоволуваат.

 
 
30.05.2016 - 22:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа