Собранието го изгласа составот на Комисијата за импичмент на Иванов

Со 52 гласа „за“ и 33 „против“ Собранието на Република Македонија на попладневното продолжение на 103. седница ја донесе одлуката за формирање Комисија за оценување на основаноста на Предлогот за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов за одлуката за аболиција, поднесен од страна на опозицијата.

Комисијата брои 11 члена, претседател ќе биде пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски, од чија пратеничка група ќе има уште пет члена, по два од ДУИ и од СДСМ и еден од ДПА.

Продолжението на 103. седница на Собранието е најавено за утре во 12 часот.

 
 
30.05.2016 - 20:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега