Пејкоф: Не се важни мотивите, Заев не смее да уништува државен имот!

Ендру Пејкоф е еден од најуспешните бизнисмени со потекло од Македонија во Америка.

Неговите родители се бегалци од Егејска Македонија за време на Балканските војни и емигрирале во Америка. Како млад започнува да се занимава со продажба на вода, за во еден момент – кога ги надминува таргетите поставени од директорите на компаниите за кои работел – да одлучи сам да почне да се занимава со производство и продажба на флаширана вода.
Денес неговата „Нијагара“ компанија е најголема приватна компанија за производство на флаширана вода во САД.
 
Пејкоф во интервју за „Вечер“ се чуди како може еден градоначалник на град да оштетува државни објекти за кои се заколнал дека ќе ги заштитува?
 
-Не разбирам. Тоа никогаш не би се случило во Америка. Тој ќе беше уапсен за криминално однесување и ќе беше присилен да поднесе оставка, бидејќи ја прекршува јавната доверба. Не е важно кои му се мотивите, не може да се уништува јавен имот, и да се извлекува од тоа. Тоа е спротивно на Законот. Можеби не размислува трезвено, можеби размислува глупаво, мене ми нема никаква логика. Мора да се почитува Законот. Првото правило во секое цивилизирано општество е: Зошто имаме влада? За да се почитува Законот. Ако не се почитува Законот, како се нарекува тоа- Анархија? Мора да се почитува Законот, затоа тој постои. Кога луѓето го прекршуваат, затоа постои полиција, затоа ги апсат луѓето и потоа следуваат судења, рече тој.
 
 
30.05.2016 - 19:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега