АХВ: Професионално се справуваме со болеста „јазлеста кожа“

Агенцијата за храна и ветеринарство оценува дека Љупчо Николовски од СДСМ со денешната изјава пласирал лаги и неосновани тврдења обвинувајќи ги надлежните институции за неспособност и креирање на хаос во справувањето со болеста Чвореста кожа кај говедата.

- Со минатонеделниот почеток на вакцинацијата на говедата,  Агенцијата за храна и ветеринарство ја докажа својата посветеност, подготвеност и професионалност во справувањето со оваа болест. Вакцинацијата, како што беше ветено, се врши во подрачјата каде што е присутна болеста, со единствена цел, превенција од нејзино понатамошно ширење, наведува АХВ во реакција на изјавата на Николовски.

Агенцијата за храна и ветеринарство  повторува дека  останатиот дел од вакцините се  веќе нарачани и оти во најскоро време се очекува нивно пристигнување во земјава.

- Сточарите не чекаат на отштета како што неупатено тврди Николовски. Постапката за пријавување на барања за отштета за закланите и убиените грла е во тек. Досега до Агенцијата за храна и ветеринарство се пристигнати седум барања за отштета од страна на сточарите, кои согласно законските прописи ќе се разгледаат и ќе се исплатат во најкус можен рок, се вели во реакцијата од АХВ.

 
 
30.05.2016 - 17:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега