Страшна сообраќајка во Македонија: Изгубил контрола и се превртел со БМВ-то

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Градско-Неготино кај месноста Црвени Брегови.

Сообраќајката се случила вчера во 7 часот и 10 минути кога патнички автомобил марка „БМВ“  со босански регистарски ознаки, управуван од 52-годишен жител Србија излетал од патот и се превртел.

Во несреќата со повреди се здобиле две лица кои биле  сопатници во возилото, на возраст од 48 и 22 години.

Увид на лице место извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес.

 
 
30.05.2016 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега