Компании ќе дебатираат за можностите на индустриската зона Визбегово

Здружението на стопанственици на индустриската зона Визбегово денеска организира трибина на која ќе бидат разгледани бизнис можностите и проблемите со кои се соочуваат компаниите што работат во оваа зона.

На трибината покрај компаниите кои работат во индустриската зона Визбегово се очекува да присуствуваат и претставници од Град Скопје, и општините Бутел, Карпош и Чучер Сандево.

За трендовите во претприемништвото и менаџментот ќе говори Јован Маџовски, регионален менаџер на CEED за Македонија, Албанија, БиХ, Србија и Молдавија, а од страна на Здружението на стопанственици на инсдустриската зона Визбегово ќе бидат презентирани реализираните активности и планот за работа за 2016 година, како и предлогот за новото раководство на Здружението.

 
 
30.05.2016 - 08:31
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега