Агенцијата за туризам на „Белградски манифест“

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТРМ) прв пат настапува на „Белградскиот манифест“, познатиот фестивал на музиката, танцот, филмот, храната, виното, карневалите и фестивалите што од денеска до недела се одржува во горниот и долниот дел на тврдината Калемегдан во Белград.

Според најавите, АППТРМ посебен акцент на овој фестивал, кој на едно место ги собира државите што сакаат да ја претстават својата содржина пред српската публика, ќе стави на гастрономијата, македонското храна и вино, односно она за што најмногу се заинтересирани туристите од Србија кога ја посетуваат Македонија.

На фестивалот ќе се презентираат најдобите туристички дестинации од Србија и регионот, а присуство, покрај балканските земји, имаат најавено и Турција и Тунис. За оваа година се очекува фестивалот да биде посетен од преку 90.000 посетители.

 
 
27.05.2016 - 19:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега