ВИДЕО: Седумгодишно дете се спротистави и нападна вооружени крадци!

Двајца вооружени мажи минатата недела влегле во продавница за компјутерски игри во сојузната американска држава Мериленд.
 
Луѓето кои во моментат се наоѓале во продавницата, крадците ги подредиле покрај ѕидот но немале претстава дека помеѓу нив се наоѓало и дете за кое, наголемо се зборува и пишува по медиумите и интернетот денес. 
 
Како што може да се забележи на снимката која на 20-ти мај била снимена од безбедносната камера, храброто 7-годишно момче одлучило да се спротистави на крадците. Штом ги здогледало тоа тргнало да ги удира.
 
Сепак не успеало да ги совлада па еден од вооружените мажи го зграпчил и го однела кај останатите луѓе што биле во продавницата, додека другиот се упатил кој касата од каде го земал целиот дневен промет.
 
 
 
27.05.2016 - 16:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега