Македонија и Италија договорија размена и заемна заштита на класифицирани информации

Министерот за надворешни работи Никола Попоски и италијанскиот амбасадор во земјава Ернесто Масимино Белели, денеска потпишаа Договор за размена и заемна заштита на класифицирани информации помеѓу Република Македонија и Италијанската Република, соопшти МНР.

На средбата, Попоски и Белели се осврнале и на билатералните пријателски односи при што оцениле дека тие бележат континуиран развој изминативе две децении, пред се, во сферата на одбраната, внатрешните работи, културата, здравството, образованието и регионалната соработка.

- На средбата се разгледаа и можностите за продлабочување на економските односи, особено во рамки на Берлинскиот процес, како и во поглед на поддршка за развој на инфраструктурата по Коридорот 8 кој ги поврзува Бугарија, Македонија, Албанија и  Италија. стои во соопштението.

 
 
27.05.2016 - 15:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега